Search
Close this search box.

Досега легализирани 4063 дивоградби во општина Кисела Вода

Непрекинато тече процесот за легализација на бесправно изградени објекти во Општина Кисела Вода. Денеска нови 50 семејства се стекнаа со документ со кој станаа реални сопственици на својот дивоизграден објект. Од досега поднесените 11879 барања за легализација, бројот на легализирани бесправно изградени објекти заклучно со денешниот ден се искачи на 4063.

Со тоа, оваа локална самоуправа направи уште еден чекор во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа. Претставува можност за изготвување на нови детални урбанистички планови, со што се дава шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките.

Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент изнесува 3117. Исто така, изготвени се уште 103 урбанистички согласности, од кои, за 87 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.

 

Споделете:

Scroll to Top