Search
Close this search box.

Делегација од Бон во ЈДГ “8 Март”-Пржино

На официјална посета, во објектот на градинката “8 Март” во Пржино, денес пристигна делегација од Бон, Р. Германија и од градот Скопје.

 Какви се условите за работа на градинките во двете држави? Компаративно, какви се методите за поттикнување и развивање на креативниот потенцијал кај децата, кои се сличностите и разликите во приодот кон детето во процесот на неговото воспитување? Ова беа дел од темите за кои се дискутираше на средбата помеѓу тимовите од двете страни, во насока на подобрувањето на воспитно – образовниот процес.

Поздравувајќи ги гостите, директорот Снежана Кливановска ја презентираше работата на градинката, како и нејзиното фукционирање во состав на општина Кисела Вода, како нејзин основач. Ја потенцираше соработката со родителите и посветената работа на целиот персонал на градинката.

 

Дечињата од сите групи се претставија со свои презентации, свои изработки им подарија на гостите, кои од персоналот на градинката добија и прирачник по кој се работи, изготвен од стручниот тим во градинката.

Беше извршена и обиколка на зеленчуковата градина во дворот на градинката, каде децата заедно со своите воспитувачки, негувателки и родители имаат засадено разни видови зеленчук, како дел од активностите за подигнување на свеста за здравата исхрана.

Од страна на директорката на ЈДГ 8 Март, Кливановска, беше истакнато дека исклучително се внимава на квалитетот на оброците што се подготвуваат, во што гостите имаа можност да се уверат во текот на заедничкиот ручек со дечињата.

Задоволни, дечињата ги поканија гостите  повторно да дојдат и да ги посетат.

Настанот е во организација на градот Скопје, со поддршка од Минтерството за труд и социјална политика и општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top