Search
Close this search box.

По 10-ти пат, ваучери за новороденчињата од Кисела Вода

По јубилеен 10-ти пат, новите родители од општина Кисела Вода присуствуваа на јавното доделување на ваучери за нивните новороденчиња.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ, во чиј мандат беше донесена одлуката за помош и стимулација на жителите на општината кои одлучиле да го прошират своето семејство, упати јасна порака  дека општина Кисела Вода се грижи, и понатаму ќе продолжи да се грижи за своите најмали жители и дека ваучерите во вредност од 6000 денари ќе се доделуваат се до крајот на нејзиниот мандат.

-Семејството е главниот столб за опстанок на еден народ, за градење на едно здраво и силно општество. Со досега доделените 463 ваучери, сметаме дека ние, како локална самоуправа, правиме чекор напред во надминувањето на глобалниот проблем, падот на наталитетот, кој и во Македонија е голем проблем-истакна Беличанец-Алексиќ.

Честитајќи им на новите родители, истакна дека денес се доделуваат 37 ваучери за новородени деца, од кои 19 се машки, а 18 женски деца. Воедно, ги повика сите родители кои ги исполнуваат условите, да ја достават потребната документација до општинските служби за и тие да можат да подигнат еднократна парична помош.

Споделете:

Scroll to Top