Search
Close this search box.

Легализирани нови 47 дивоградби во општина Кисела Вода

Процесот на решавање на децениските проблеми на граѓаните во делот на впишување на правото на сопственост на нивните објекти во општина Кисела Вода продолжува со несмалена динамика. Денешното јавно доделување на решенијата за легализација на дивоизградените објекти на уште 50тина жители од овој дел од градот им овозможи легална сопственост на своите домови.

– Со цел да им се излезе во пресрет на сите граѓани, Владата на Република Македонија го продолжи рокот за доставување на потребната документација до 31.12.2015, додека општина Кисела Вода воведе повеќе технички мерки за подобрување на динамиката на решавање на предметите. Резултатите се евидентни. Од вкупно 11 874 достасани предмети, решени се 3062 -истакна градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ пред присутните, потенцирајќи дека се намалува и бројот на граѓани кои немаат доставено геодетски елаборат и заклучно со денешниот ден, нивниот број изнесува 3802. Наведе и дека се изготвени 72 урбанистички согласности, од кои за 62 се чека уплата за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.

– Заокружување на процесот на легализација ќе биде заеднички успех. На овој начин и жителите на општината кои во овој момент поседуваат дивоградба, заедно со општината, ќе можат да делуваат во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа- додаде градоначалникот Беличанец-Алексиќ.

Споделете:

Scroll to Top