Search
Close this search box.

Одбојкарките на „Јанта волеј“ од Кисела Вода ја продолжија серијата победи

Женскиот одбојкарски клуб „Јанта волеј“ од Кисела Вода, изминатиот викенд, на домашен терен триумфираше над екипата на „Работнички“ – Скопје.

Одбојкарките на „Јанта волеј“ со резултат од 3:2 (25:18, 25:22, 20:25, 21:25, 15:12), останаа единствените непоразени во групата Б, во првата женска одбојкарска лига.

По завршувањето на првата и втората натпреварувачка фаза, големи се шансите „Јанта волеј“ да игра за титула во Супер лигата.

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top