Search
Close this search box.

Утре дел од Кисела Вода без струја

Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 11:30 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците од ул.„Иван Мажураниќ“, а во периодот од 09:00 до 15:00 часот,  без напојување со електрична енергија ќе биде дел од ул.„Киро Фетак“ 1. 

Во периодот од 09:00 до 11:30 часот, без струја ќе останат и корисниците од ул.„Ѓорѓи Динката“ од бр.34 до бр.38 и ул.„Герника“ од бр.1 до  бр.15. 

Од „ЕВН Македонија“ соопштија дека прекините ќе бидат заради изведување технички зафати.

Споделете:

Scroll to Top