Утре (06.12.2013 година), во организација на Општина Кисела Вода и Општинската Организација на Црвениот Крст – Кисела Вода, а во соработка со Заводот за трансфузиологија од Скопје ќе се реализира голема крводарителска акција под мотото “Капка крв спасува живот”. Крводарителската акција ќе се одржи во големата сала на Општина Кисела Вода, во периодот од 11:00 – 15:00 часот.
Општина Кисела Вода ги стимулира и воедно ги поканува сите заинтересирани жители активно да се вклучат во оваа хуманитарна акција и на дело да го покажат своето човекољубие и желбата да се помогне, на оние на кои им е тоа најпотребно.
Во акцијата активно ќе учествуваат и ќе даруваат крв претставници на општинската администрација и членови на сите месни и урбани заедници од општината.