Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дваесеттата пленарна седница на 13.03.2023 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 19-та пленарна седница
-Усвојување на Записникот од 20-та пленарна седница
1.Информација за безбедносната состојба на подрачјето на Општина Кисела Вода за 2022 година на Полициска станица од Општа надлежност ,,Кисела Вода,,;
2.Годишен Извештај за работата на Полициска станица од Општа надлежност ,,Драчево,, за 2022 година;
3. Предлог – Одлука за кофинансирање на проектот “Набавка на комбиниран ровокопач – натоварувач”;
4.Предлог – Одлука за кофинансирање на проектот “Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човекова околина” ;
5.Предлог – Одлука за формирање Комисија за селекција за избор на членови во управен одбор и надзорен одбор за контрола на материјално – финансиско работење на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти Кисела Вода КВ Скопје;
6. Предлог – Одлука за распишување на Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови во управен одбор и надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти Кисела Вода КВ Скопје;
7. Квартални извештаи К1, К2 и К3 за четвртиот квартал од 2022 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 година до 31.12.2022 година; -К2 -квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3- квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
8. Годишен извештај на Oпштина Кисела Вода за 2022 година, со:
-Завршна сметка на Буџетот на Oпштина Кисела Вода за 2022 година;
-Извештај за побарувањата и за обврските на Општина Кисела Вода, содржани во Завршната сметка на Oпштина Кисела Вода за 2022 година;
-Извештај за реализација на блок дотации на Oпштина Кисела Вода во 2022 година;
-Извештај од одговорниот сметководител за точноста и веродостојноста на годишната сметка на Oпштина Кисела Вода за 2022 година;
-Годишен извештај за користење на средства од резервите на Oпштина Кисела Вода во 2022 година;
9.Предлог-Буџетски календар на Oпштина Кисела Вода за 2023 година;
10.Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2023 година;
11.Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2023 година бр.09-11889/28 од 26.12.2022 година;
12.Предлог – Одлука за измена на Одлуката за додаток на плата заради прилагодување кон пазарот на трудот за вработените во Општина Кисела Вода бр.09-11889/29 од 26.12.2022 година;
13.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.