Search
Close this search box.

100 пакетчиња за деца со посебни потреби од Кисела Вода

Во организација на Советот на Општина Кисела Вода и Здружението на граѓани за деца со посебни потреби ,,ДАМА – ЕЛ” од Скопје, а со поддршка на компаниите “Цементарница Титан – Усје” и “Скопски пазар” А.Д. Скопје, денес во големата сала на општината Кисела Вода се одржа новогодишна забава за децата со посебни потреби од основните училишта и градинките од Кисела Вода.

 

-“Целта на овој предновогодишен хуманитарен хепенинг е да им посакаме на овие деца среќна Нова година, исполнување на сите желби и безгрижни детски денови во новата 2014 година” – изјави претседателот на Советот, Трајче Донев, кој изрази задоволство и благодарност до сите советници кои се вклучија во оваа активност.

Децата уживаа во прекрасната Новогодишна програма со Дедо Мраз, а на крајот добија новогодишни пакетчиња и плишани играчки. 

 

Споделете:

Scroll to Top