Search
Close this search box.

Кисела Вода: Проширената градинка “Кокиче” врши прием на нови дечиња-родителите да аплицираат!

Проширената градинка “Кокиче” е подготвена за прием на нови дечиња. Во целост се завршени повеќемесечните градежни активности на Општина Кисела Вода кои опфатија проширување, односно преадаптација и кои овозможија капацитетот на овој објект да биде зголемен за нови 90 дечиња.

 

Последниве денови се работеше и на опремување со мебел кој е обезбеден преку договор со Министерството за труд и социјална политика. Градоначалникот Ѓорѓиевски денес ја посети оваа градинка и упати апел до сите родители да аплицираат за упис. Потенцираше дека дека ова би требало да го сторат и родителите од урбаната заедница Расадник, како и во тамошниот објект би се намалила бројноста на групите, се додека не биде изграден и таму нов објект кој е во подготвителна фаза.

Воедно, потсети дека сега веќе на располагање во Кокиче стојат и јасли, но и на тоа дека во дворот на овој објект ќе се гради сосема нов, дополнителен објект. Тој и Општина Кисела Вода веќе изготвија проект и обезбедија финансиски средства за доградба. Со ова се отворени околу 300 нови места во градинките низ Кисела Вода и наследените листи за чекање од минатото на кои имаше над 450 деца, наскоро веќе нема да ги има.

-Со големо задоволство сакам да ги повикам сите родители од Кисела Вода од денес да започнат со аплицирање за упис во проширената градинка “Кокиче” при ЈДГ “Весели Цветови”, бидејќи таа е комплетно подготвена за прием на нови дечиња. Неколку месеци наназад работевме на преадаптација на 4-5 простории, на проширување на просторот, а сега веќе, откако пристигна и е наместен мебелот кој го обезбеди Министерството за труд и социјална политика, за што сакам да упатам голема благодарост до нив и до минстерката Тренчeвска, по добивањето на согласност од нив, есенва ќе можеме да ги отвориме вратите за нови, дополнителни 90 деца. Како значајна новина е дека отсега тука ќе функционираат и јасли, а примени ќе бидат и деца од населбата Расадник, додека и таму не биде изграден планираниот нов објект. Во контекст на претходното, сакам да потсетам дека и тука, во дворот на градинката “Кокиче”, ќе градиме сосема нов објект за кој веќе го изготвивме проектот и ги обезбедивме финансиските средства. Во него ќе има простор за 120 нови дечиња. Се работи за простор на површина од 525 квадратни метри, со 6 занимални и тоалети, енергетска ефикасност, целосно партерно уредување, изведба согласно сите стандарди, правилници и нормативи кои условуваат и овозможуваат позитивен ран детски развој.

Со ова, слободно може да каже, дека наследените листи за чекање од минатото, на кои имаше над 450 дечиња и кои со напорна работа во целиот овој период откако ја презедов градоначалничката функција, отворајќи околу 300 нови места во градинките, наскоро воопшто ќе ги нема- изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.


Заинтересираните родители можат да извршат упис на своите деца, електронски, на следниот линк https://www.veselicvetovi.mk/ или лично, во управата на ЈДГ Весели Цветови, ул. Локов бр 11 (објект “Сончоглед”).

Споделете:

Scroll to Top