Search
Close this search box.

Децата со посебни потреби од ПОУ “Кузман Јосифовски – Питу” заминаа на бесплатно зимување

Утрово, 10-те дечиња со посебни потреби од ПОУ “Кузман Јосифовски – Питу” заминаа на бесплатно зимување во Берово, финансирано од Општина Кисела Вода. Градоначалникот Беличанец – Алексиќ и претседателот на Советот, Трајче Донев ги испратија дечињата и им посакаа убав помин, добра дружба и исполнето време во игра и забава. Истовремено, таа им подари и топки, пакетчиња со друштвени игри и кутија со основни лекови.

 

Ова е прва ваква донација на Општина Кисела Вода за дечињата со посебни потреби и претставува лична иницијатива на градоначалникот Беличанец – Алексиќ. За таа цел, предвидените средства за репрезентација во буџетот на Општината за 2013 година беа пренаменети за подмирување на трошоците за реализација на зимувањето. За ова зимување да биде реализирано, претходно беше обезбедена согласност од страна на сите родители.

Зимувањето ќе се реализира во периодот од 09.01.2014 година до 15.01.2014 година, со обезбедени шест полни пансиони, а дечињата ќе ги придружуваат две наставнички.

Споделете:

Scroll to Top