Search
Close this search box.

Се реконструираат тротоарите на ул.” Франк Манинг”

Продолжуваат континуираните заложби на општина Кисела Вода за подобрување на условите за живеење на жителите на оваа територија. Акцијата за реконструкција на тротоарите по сервисните улици е во полн ек. 

Екипите на фирмата „Пелагонија А.Д. Гостивар“,  која го доби тендерот за изградба и реконструкција на патеки, тротоари, скверови, паркинзи и улици со павер-елементи, се на терен и во моментов активно работат на обнова на тротоарите на улицата “Франк Харкорт Манинг” во населбата Кисела Вода.

Се работи за фреквентна улица која се протега на потегот помеѓу улиците “Христо Татарчев” и “Ѓорѓи Димитров”, која секојднeвно  ја користат огромен број на жители на населбата и општината  Кисела Вода. Проектот е вреден околу 1 900 000 денари и доколку временските услови дозволат, се очекува да биде завршен до крајот  на месецов.

Градежните работи за санација и реконструкција на оштетените тротоари во општината ќе продолжат и во следниот период и на други клучни локации.

Споделете:

Scroll to Top