Search
Close this search box.

Покана до медиуми

Во организација на Одделението за спорт на општина Кисела Вода во четврток (13.03.2014) во 13 часот и 30 минути, во Големата сала на општина Кисела Вода, ќе се одржи трибина на тема “Современ училишен спорт”. На трибината, покрај претставниците од општина Кисела Вода, ќе присуствуваат Марјан Спасески, директор на Агенцијата за Млади и Спорт, Александар Туфекчиевски, претседател на Федерацијата за училишен спорт, како и  претставници од Министерството за Образование и Наука.

На трибината ќе се говори за организирањето на училишниот спортски систем преку формирање на училишни спортски клубови и нивно вклучување во општинското и регионално спортско дејствување.

Ве покануваме да испратите новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) за да го проследите  настанот.

 

Споделете:

Scroll to Top