Search
Close this search box.

​Ѓорѓиевски ги испрати спортските таленти на бесплатно летување

Првата група од 165-те ученици кои Општина Кисела Вода ги испраќа на бесплатно летување, денес замина за Охрид. Од денес, па во следните седум дена, заедно ќе се дружат и одмораат победниците во општинската училишна спортска лига. Со нив патуваат и нивните тренери, односно наставници по физичко воспитување. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги испрати, им посака убав одмор и од таму да се вратат со спомени вредни за паметење и енергија за нови успеси.

Потсети дека во август на бесплатен спортски камп ќе патуваат и останатите дечиња кои ги исполнија критериумите зададени со јавниот повик распишан од Општина Кисела Вода.

-Денес гледам многу насмеани лица и многу радост кај нашите спортски таленти чиј успех во општинската училишна спортска лига го наградивме со бесплатно летување. Една седмица тие ќе се дружат и ќе можат да спортуваат под менторство на нивните тренери на брегот на Охридското Езеро. Сметам дека ова е одличен начин да споиме на едно место се што е убаво и корисно, бидејќи едновремено ги промовираме спортот и здравиот начин на живот, градејќи стимулативна средина и за сите останати ученици кои на овој начин ќе имаат дополнителен мотив да бидат поуспешни. Воедно, сакам да потсетам дека во август ќе патуваат и станатите ученици од групата која брои вкупно 165 деца. На овој бесплатен седумдневен спортски камп ќе се дружат спортисти од спортските клубови од општината со младински категории и основците од социјален ризик. Сакам да назначам дека ваквите и слични мерки за поддршка ќе продолжат бидејќи влогот во младите е наша обврска, но и големо задоволство-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top