Search
Close this search box.

Ѓорѓиевски: Градиме нова летна училница (амфитеатар) во училиштето во Црниче

Општина Кисела Вода започна со изградба на нова летна училница во дворот на подрачното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во Црниче. Оваа училница, со површина од 146 м², ќе функционира како амфитеатар на отворено и ќе биде наменета за повеќе од 100 ученици. Градежните работи е предвидено да завршат во наредните две недели. Вкупната инвестиција изнесува околу половина милион денари.Покрај изградбата на летната училница, во централното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ е во тек реконструкција на трпезаријата, од следната недела ќе започне и молерисување на повеќе од 2000 м² училници и ходници, со што значително ќе се подобри изгледот и функционалноста на училиштето.


-Со изградбата на новата летна училница во подрачното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во Црниче, продолжуваме со унапредувањето на условите за настава за учениците. Оваа училница ќе овозможи изведување на настава на отворено, но и организирање на различни културни и образовни активности кои ќе ги поттикнат креативноста и интересот кај младите. Посветени сме на тоа секое училиште во нашата општина да добие современи и функционални простори, а со тоа да создадеме подобра иднина за нашите деца. Продолжуваме со реконструкција и уредување на сите образовни институции, уверени дека инвестицијата во образованието е инвестиција во иднината на нашата општина и држава, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top