Search
Close this search box.

Ѓорѓиевски: “Генералката во Кисела Вода” продолжува-денес се чисти трим патеката

Генералното чистење на територијата на општина Кисела Вода продолжува со силна динамика. Откако минатата недела започнаа интензивни активности за чистење на улиците, тротоарите и јавните површини, досега се опфатени повеќе населби и населени места, а до крајот на акцијата ќе бидат опфатени сите 15 месни и урбани заедници во општината. Денеска се чисти во 11 Октомври бараки и на трим патеката, која претставува важен простор за рекреација и е омилено место на граѓаните кои редовно ја користат за спорт и прошетки.

Ангажираните екипи темелно ги чистат улиците, тротоарите и јавните површини, користејќи ги и новите метларки, кои неодамна беа набавени како одговор на барањата на граѓаните за почиста животна средина. Освен рачно и машинско метење, се перат и плочниците во парковите, се кастрат суви гранки и се отстранува насобраниот комунален отпад. За жал, екипите мора да интервенираат и на несоодветно оставениот шут и кабаст отпад, кој не смеел да заврши на јавните површини.

-Хигиената во урбаните средини е основа за квалитетен живот. Грижата за чиста и здрава околина е заедничка одговорност, а ние како локална самоуправа правиме сè што е во наша моќ за да одржуваме чиста општина. Денес се работи на трим патеката, како едно од најфреквентните места за рекреација, и на која вложуваме посебно внимание на хигиената бидејќи голем број на граѓани  ја користат секојдневно. Покрај оваа акција за генерално чистење, сакам да најавам дека од овој викенд започнуваме и нова акција за подигнување на кабаст отпад, која за првпат ќе се спроведува на тримесечно ниво. Деталите за оваа акција ќе бидат објавени утре-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top