Search
Close this search box.

Регионален натпревар “Млади техничари и иноватори” во општина Кисела Вода

Денес, со почеток во 10 часот, во ОУ Кузман Јосифовски-Питу, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, свечено го отвори регионалниот натпревар на учениците од основните училишта “Млади техничари и иноватори” кој за прв пат се организира од Здружението на наставници по техничко образование на РМ, а е поддржан од општина Кисела Вода.

 

Да се биде денес тука и да се поддржи вакво случување, за мене, како градоначалник, е големо задоволство, бидејќи искрено верувам дека инвестирањето во човечкиот потенцијал и создавањето на интелектуален капитал е стратешка насока која не смее да се менува, затоа што води кон развој. И на поединецот и на државата -истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ, потенцирајќи ја потребата од вакви натпревари како места за размена на искуства од страна на дека луѓето со иновативни идеи.

-Постоењето на луѓе со талент за дефицитарните струки е придобивка која не смее да биде занемарена. Од тука и нашата заложба за стипендирање на техничките струки и воопшто, за стипендирање на талентираните ученици, што е веќе редовна практика на општина Кисела Вода-изјави Беличанец-Алексиќ.

Претседателот на Здружението на наставници по техничко образование кое е регистрирано и активно работи од крајот на 2001 година, Вера Велјановска, нагласи дека натпреварите од областа на научно-техничката  ги поттикнуваат младите за иноваторски дејност, откриваат таленти и ги насочуваат учениците.

-Стекнатите знаења  и вештини ги развиваат мисловните и работните операции. Резултатите зборуваат дека работата на секој поединец му овозможува да го достигне својот највисок степен на развојот- потенцираше Велјановска. 

Пред присутните се обрати и директорот на училиштето домаќин на настанот, ОУ ,, Кузман Јосифовски – Питу, Мишела Милеска-Николовска.

-Драги ученици-млади техничари! Вие денес ќе ги споделите вашите искуства и знаења за моделарството, конструкторството, електрониката, роботиката…Веќе утре ќе бидете креатори на нашето општество како успешни конструктори, градители, програмери, иноватори-истакна Милеска-Николовска.

Натпреварувачкиот дел започна во 10 часот и 30 минути и ќе трае до попладневните часови кога ќе бидат објавени резултатите. Околу 250 учесници од сите скопски училишта се натпреваруваат во повеќе дисциплини: електроника, автоматика и роботика, конструкторство, архитектура и градежништво, дизајнирање, бродомоделарство, фото и видео техника итн.

Споделете:

Scroll to Top