Search
Close this search box.

КИСЕЛА ВОДА ИМА ПРВОЛИГАШ- Кошаркарскиот клуб ,,Ангели” е повторно на врвот!

-Кошаркарскиот клуб ,,Ангели” е повторно на врвот. Екипата на Ангели од општина Кисела Вода, во наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од Првата лига-мажи откако во третиот и решавачки натпревар од полуфиналното доигрување победи против екипата на Соколи 1933 од Штип со 82-70.

– Горди сме вечерва. Најгорди! Кошаркарскиот клуб ,,Ангели” од Кисела Вода влезе во првата лига! Со својата фантастична игра и срце на терен ја порази екипата на ,,Соколи” од Штип.

Шампионите ги води огромната волја, не ги запира стравот, а среќата која ја даваат на своите фанови е појадокот од кој се хранат! Така, беше и вечерва. Ви честитам момци!

Вие сте доказ дека упорноста и желбата секогаш го даваат најдоброто.

Честитки до целиот тим! Честитам на Вашиот тренер, претседателот на клубот и посакувам да нижите само успеси.

А ние како локална самоуправа и јас лично како човек – ќе продолжиме со поддршка на спортот и спортитстите, посебно младите, бидејќи тоа е наша обврска. Само напред-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top