Search
Close this search box.

Жителите на Кисела Вода донираа цел шлепер помош за Србија и БиХ

Голем шлепер полн со хуманитарна помош вечерва тргна од општина Кисела Вода кон собирниот пункт на Црвениот крст во Момин Поток од каде ќе се упати кон поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина, кон загрозените семејства од кои претрпеа огромни штети од поплавите.

 

Масовен беше одзивот на жителите на општина Кисела Вода во текот на целиот денешен ден од 10 па се до 18 часот, во општинската сала и во сите 15 месни заедници, каде донираа храна, облека и обувки, бебешка храна и пелени, вода и сето она што сметаа дека може да им помогне на  погодените од поплавата.

Во хуманитарната акција “Да подадеме рака “, беа собрани приближно 450 пакети со вода,  100тина пакети детска храна, голем број на пакети со пелени и конзервирана храна, 50тина ќебиња и јоргани, 150 пакети за лична хигиена,многу облека и обувки…

Учествуваа преку 100 волонтери кои се одзваа на повикот на оптина Кисела Вода и помогнаа со собирањето и товарењето на пристигнатата помош.

На лична заложба на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, направен е договор со повеќе  компании кои делуваат на подрачјето на општина Кисела Вода за нивно вклучување во акцијата и од нив пристигна хуманитарна помош во големи количини.

ЗДРАВЈЕ РАДОВО донираше 120 литри сокови, БТА КОМПАНИ донираше 6 пакети со облека, донираше и БАТО И ДИВАЈН и тоа 250 kg брашно, 10 пакети минерална вода, голема количина на средства за лична хигиена, од групацијата НАТУРА пристигнаа 310kg јаболка, од РУДИНЕ цел камион производи од нивниот асортиман, а се очекуваат донации и од други компании.

Сите граѓани кои имаат желба и можност да донираат тоа можат да го сторат и во наредните денови. Помошта треба да се достави до Црвениот крст на Македонија, од каде апелираат дека потребни се уште  вода, конзервирана храна и средства за лична хигиена, додека облека, сега за сега, има доволно.

Споделете:

Scroll to Top