Search
Close this search box.

Ѓорѓиевски: Започна асфалтирањето на улицата ,,Киро Фетак” (Р-1106) која ги поврзува Кисела Вода и Аеродром, се санира и проширува и мостот

Започна уште еден значаен инфраструктурен зафат на територијата на општина Кисела Вода. Улицата „Киро Фетак“, дел од регионалниот пат Р-1106 кој ги поврзува општините Кисела Вода, Аеродром, Зелениково и Студеничани со автопатот, добива нов асфалт, тротоари и рабници. Дополнително, се врши и санација и проширување на мостот кој долго време претставуваше опасна сообраќајна точка.

Проектот се реализира по апликација на Општина Кисела Вода до Владата на Република Македонија, а санацијата ја спроведува Јавното претпријатие за државни патишта. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, упати благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, до министерот за транспорт Александар Николоски и до директорот Коце Трајановски за поддршката во реализацијата на, како што потенцира, еден од поважните проекти за подобрување на безбедноста и поврзаноста на неколку општини.

-Денес започна поставувањето на нов асфалт на улицата ,,Киро Фетак” – дел од регионалниот пат Р-1106 кој е важна сообраќајна трансверзала што ги поврзува општините Кисела Вода, Аеродром, Зелениково и Студеничани со автопатот. Улицата добива и нови тротоари и рабници.

Паралелно, се проширува и мостот, кој во изминатите години важеше за опасна точка каде се случуваа многу сообраќајни незгоди. Општина Кисела Вода до Владата на Република Македонија аплицираше со проект за целосна санација на постојниот мост, додека Јавното претпријатие за државни патишта ја реализира санацијата и проширувањето на самата улица.

Изразувам огромна благодарност до министерот за транспорт Александар Николоски за реализацијата на овој проект, до директорот Коце Трајановски, како и до Премиерот Христијан Мицкоски. Овој проект е од исклучителна важност за жителите на неколку општини, но и за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Остануваме посветени, а најдоброто допрва доаѓа-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top