Search
Close this search box.

​Стартува мониторинг системот за енергетска заштеда од фотоволтаиците во училиштата во Кисела Вода

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес во ООУ “Кирил Пејчиновиќ” присуствуваше на пуштањето во употреба на онлајн мониторинг софтверот, кој претставува финална активност во рамките на проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност и заштита на човекова околина“. Со овој чекор целосно се заокружува реализацијата на проектот, во рамките на кој беа поставени фотоволтаичните системи во сите основни училишта на територијата на oпштина Кисела Вода.Мониторинг софтверот претставува web-базирана платформа преку која во реално време може да се следи моменталното производство на фотонапонскиот систем, вкупното дневно, месечно и годишно производство на електрична енергија, како и вкупно произведената енергија од денот на пуштање во работа на системот до денес. Дополнително, софтверот овозможува континуирано следење на работата на системите. При појава на евентуални аномалии, корисниците автоматски добиваат известување, што овозможува навремена реакција и максимално искористување на сончевата енергија.

Со проектот беа проектирани и инсталирани мрежни он-грид фотоволтаични системи со вкупна моќност од 140 kW во сите основни училишта во општината Кисела Вода, како и едно училиште во општина Зелениково. Овие инвестиции овозможуваат годишна заштеда од околу 160 MWh, односно 70 до 80 проценти по училиште, што претставува 18 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија на општината, со значителен придонес кон заштитата на животната средина и намалување на емисиите на јаглероден диоксид.

-Со денешното пуштање во употреба на мониторинг софтверот заокружуваме една целина која претставува вистински пример за современ и одржлив пристап кон енергетското управување. Благодарение на овие системи, нашите училишта веќе остваруваат значителни заштеди и активно придонесуваат кон намалување на енергетската зависност. Енергетската ефикасност и користењето на обновливи извори на енергија се приоритет на мојата работа и ќе останат насока во која ќе продолжиме и во наредните четири години: кон зелена, модерна и енергетски самостојна општина- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Таа им се заблагодари на Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Скопскиот плански регион за успешната соработка и поддршката во реализацијата на проектот, потенцирајќи дека Кисела Вода ќе продолжи да инвестира во зелени проекти и технологии кои носат конкретни придобивки за граѓаните и за животната средина.

Проектот се реализира преку Програмата за развој на планските региони, со инвеститор Владата на Република Македонија преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а имплементатор е Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Кофинансиер e Општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top
meritking
pokerklas
pokerklas
betpark
vaycasino
vaycasino
norabahis
norabahis
betpark
betpark
betgaranti
betpark
betpark
tlcasino
tlcasino
timebet
roketbet
betnano
betnano
roketbet
yakabet
meritking
betorder
betorder
yakabet
alobet
bettilt
bettilt
betasus
betasus
betorder
betorder
vdcasino
vdcasino
norabahis
norabahis
artemisbet
betpark
betpark
betpark
artemisbet
bettilt
bettilt
noktabet
bettilt
bettilt
betlike
betlike
hititbet
hititbet
meritking
mavibet
norabahis
norabahis
noktabet
betpark
betpark
betpark
betpark
grandpashabet
grandpashabet
artemisbet
betnano
bettilt
bettilt
betpark
betpark
betpark
betpark
betnano
betnano
betnano
meritking
meritking
meritking
meritking
galabet
galabet
galabet
galabet
sonbahis
sonbahis
betpark
betgaranti
kolaybet
meritking
betasus
betasus
timebet