Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани и правни лица кои сè уште не ги подмириле своите обврски по основ на данок на имот за 2025 година, истото да го сторат најдоцна до 15 март 2026 година.
Воедно, Ве информираме дека Градот Скопје на 9 декември 2025 година упати јавен повик до сите даночни и таксени обврзници – правни и физички лица – кои имаат неплатени обврски по основ на: данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок, комунална такса (фирмарина), за изминатите години, да ги подмират своите долгови во најкраток можен рок.
Согласно овој повик, од 26 јануари 2026 година започна постапка за присилна наплата на данок на имот за 2021 година од страна на Град Скопје.
Граѓаните на кои не им е доставено решение за данок од страна на пошта, истото можат да го подигнат во Одделението за даноци на Општина Кисела Вода, барака бр. 4.
Со почит,
Општина Кисела Вода




