Генералка во Кисела Вода – започна заедничката еко-акција со ЈП „Паркови и зеленило“

Од улица “Коперникова” во населбата Драчево започна сеопфатната теренска интервенција за чистење и уредување на јавните зелени површини, која Општина Кисела Вода од денес ја реализира во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ под ингеренции на Град Скопје.

На денешниот настан присуствуваа градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Муамер Сефери, кои заедно ја следеа и поддржаа теренската интервенција, соглеасно нивната неодамнешната работна средба  на која беше договорена зајакната соработка со фокус на подобрување и одржување на јавниот простор.

Преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, се спроведува еднонеделна еко акција што опфаќа, собирање на лисна маса, расчистување на паднати гранки и отпадоци, кастрење на суви дрвја, како и уредување на јавните тревници и појасите со тревна вегетација низ сите урбани и месни заедници.Од улица “Коперникова” во населбата Драчево започна сеопфатната теренска интервенција за чистење и уредување на јавните зелени површини, која Општина Кисела Вода од денес ја реализира во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ под ингеренции на Град Скопје.

На денешниот настан присуствуваа градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Муамер Сефери, кои заедно ја следеа и поддржаа теренската интервенција, соглеасно нивната неодамнешната работна средба  на која беше договорена зајакната соработка со фокус на подобрување и одржување на јавниот простор.

Преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, се спроведува еднонеделна еко акција што опфаќа, собирање на лисна маса, расчистување на паднати гранки и отпадоци, кастрење на суви дрвја, како и уредување на јавните тревници и појасите со тревна вегетација низ сите урбани и месни заедници.

Активностите се одвиваат согласно претходно изработен план на општинските служби, дополнет со пријавите и барањата од жителите. На терен се ангажирани целокупната механизација и екипите на Општина Кисела Вода и ЈП „Паркови и зеленило“, а опфатени се парковите и јавните зелени површини на територија на општина Кисела Вода. Вакви теренски зафати, доколку дозволат временските услови, ќе се одвиваат во текот на целата недела.

– Оваа недела во соработка со ЈП„Паркови и зеленило“, интензивно работиме на чистење и уредување на парковите и јавните зелени површини низ Кисела Вода. Ангажирани се целокупната механизација и теренските екипи, а се врши собирање на лисната маса, расчистување на отпадоци, поткастрување и отстранување на суви дрвја, како и уредување на јавните тревници. Со овие зафати директно го подобруваме изгледот и хигиената на јавниот простор. Целта ни е секое маало да биде почисто и поуредено, а ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период. Воедно, апелирам до граѓаните да се вклучат со одговорно однесување и заедничка грижа за животната средина- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Утре, акцијата продолжува на улиците “ Народни херои” и “Пушкинова”.

Споделете:

Scroll to Top
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
ultrabet
jojobet
jojobet
Hititbet 2026
kavbet
kavbet
vaycasino
Betgaranti
vaycasino
bahsegel
onwin
vaycasino
ikimisli
ikimisli
ikimisli
ikimisli
ikimisli
ikimisli
Betgaranti
betgaranti
betgaranti
betgaranti
betgaranti
betgaranti mobil giriş
betgaranti