Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, на покана на компанијата „Макпетрол“, денеска изврши увид во завршните активности за реконструкција на бензинската станица во населбата Расадник. Заедно со неа, на терен беа и Дејан Спасеновски, директор на развој и инвестиции во „Макпетрол“, како и Слободан Тасевски, советник за интерни и јавни набавки во компанијата.Овој објект, кој датира уште од 70-тите години на минатиот век, во моментов поминува низ фаза на целосно реновирање и модернизација. Проектот опфаќа не само обнова на станицата, туку и партерно уредување на околниот простор пред самиот објект. Дополнително, од задната страна се гради нов паркинг од отворен тип, кој ќе биде ставен на располагање на жителите од овој дел на општината.

-Драго ми е што овој објект наскоро ќе добие лик на модерен пункт со современо уреден партер. Нашата соработка со бизнис секторот, како што е оваа со компанијата “Макпетрол”, е токму во таа насока, секоја инвестиција да донесе конкретен бенефит за граѓаните. Посебно значајно е што со партерното уредување и новиот паркинг, не само што добиваме подобра функционалност, туку и обезбедуваме повеќе слободен простор за возилата на жителите од Расадник- изјави градоначалничката Стaменкоска Трајкоска.





