Врз основа на член 8 од Законот за основно образование, основното образование е задолжително за сите деца од шест до петнаесет години, трае девет години и се организира во три воспитно – образовни периоди.
Општина Кисела Вода Ве известува дека уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2026 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2020 година. По исклучок, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
Запишувањето на детето, на барање на родителот, односно старателот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
Уписот ќе се врши во текот на месец мај во општинските основни училишта на територија на Општина Кисела Вода, со целосно почитување на реонизацијата и местото на живеење на децата.
Родителите се должни при уписот, да ја достават следната документација:
- извод од матична книга на родени за детето;
- потврда за примени задолжителни вакцини на детето издадена од надлежна здравствена установа;
- потврди за извршени офталмолошки и стоматолошки прегледи, издадени од надлежна здравствена установа;
- доколку родителот дава информација дека детето е дете со попреченост да се достави и функционална процена од стручната комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
Во интерес на подобра организација на уписот на првачињата, родителите можат да го закажат приемот во основните училишта на следните телефонски броеви:
1. ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ – одговорно лице: психолог – Мито Тасевски тел. 078/301 215, дефектолог – Маја Бањанска тел. 078/416 017,
2. ООУ „Партенија Зографски“ – Одговорно лице: педагог – Марина Георгиевска Крстевски тел. 070/ 420 804.
3. ООУ „Невена Георгиева Дуња“ – Одговорно лице: педагог – Калина Спироска тел. 078 344 993.
4. ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Одговорно лице: педагог – Жаклина Стојановска тел. 075 246 465.
5. ООУ „Круме Кепески“ – Одговорно лице: педагог Анита Матевска тел.
секретар – Сашка Донева тел. 078/356-124.
6. ООУ „Рајко Жинзифов“ – Одговорно лице: педагог – Весна Рафеска тел: 070 344-279
7. ООУ „Кузман Шапкарев“ – Одговорно лице: педагог – Марта Стојановска – тел. 075/373-093.
8. ООУ „Св.Климент Охридски“ – Одговорно лице: педагог – Елена Петрушевска, тел. 078 200 271.



