Во духот на септемвриската возбуда за почетокот на новата учебна година, Општина Кисела Вода им приреди незаборавен дочек на најмладите жители кои за првпат седнаа во училишните клупи. Под мотото „Заедно во нова приказна! Среќно првачиња!“, Плоштадот Расадник беше исполнет со првачиња, нивните родители и семејства, кои заедно го одбележаа почетокот на учебната година.
Присутните уживаа во богата забавна програма специјално подготвена за децата, исполнета со детски песни, анимации и специјални изненадувања.
-За нашите најмлади сограѓани, почетокот на училиштето е еден од најважните денови во нивниот живот. Тоа е почеток на нова приказна, преполна со откритија, пријателства и знаење. Општина Кисела Вода секогаш ќе биде тука да ги поддржи нашите првачиња, да им обезбеди подобри услови за учење и безгрижно детство. На сите првачиња им посакувам многу успех, љубопитност и петки, а на нивните родители многу гордост и радост!- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.










