Темелно перење на улиците се одвиваше во петокот вечерта низ улиците на населбата и селото Драчево. Активноста се реализираше преку соработката на Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“, при што беа опфатени улиците Иван Хаџи Николов, Драчевска, Антон Димитров, Бранко Заревски, Сердарот, Живко Фирфов, Славка Динкова, Киро Фетак и Китка.
Заедничките активности на Општина Кисела Вода и службите под надлежност на Град Скопје продолжуваат. Утре, среда (14.10.2026), со почеток во 11:00 часот, продолжуваме со најмасовната акција за чистење на Скопје, која ја спроведува Градот во соработка со општините. Ќе се чисти на повеќе од 50 локации- паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите. Како дел од оваа голема еколошка акција, во Општина Кисела Вода ќе се чисти во паркот „Шопен“, паркот „Македонија“, како и просторот околу плоштадот и салата „Расадник“. Во акцијата ќе биде ангажиран дел од општинската администрација и сезонските работници, но ги повикуваме и сите граѓани да излезат и да ни се приклучат за да придонесеме за поубава и почиста општина.



