Се финализира редовната есенска дератизација што се спроведуваше на целата територија на општина Кисела Вода. Активностите ги изведуваше специјализираната фирма „Токсивет“, при што беа опфатени преку 2000 шахти низ речиси сите месни и урбани заедници. За целосно заокружување на акцијата, останува уште урбаната заедница Бирарија, каде што екипите ќе работат во текот на утрешниот ден.
Со реализацијата на овој процес, обезбедено е системско уништување на штетните глодари, спречување на нивното размножување и директна заштита на здравјето на жителите на територија на Општина Кисела Вода.
Согласно програмата на Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина, Општина Кисела Вода редовно спроведува дератизација два пати годишно – во пролет и во есен. Со оваа континуирана грижа, општината обезбедува сеопфатна превенција од заразни болести и побезбедна животна средина.









