Search
Close this search box.

Во четврток и петок информативни средби за спречување на семејно насилство

Како да се препознае семејното насилство? Како да се превенира, да се спречи, пријави до надлежните институции? Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при советот на општина Кисела Вода, Јасна Саздовска и Светлана  Колариќ, преку организирани информативни средби ќе го едуцираат населението во општина Кисела Вода, како дел  од проектот кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика  заедно со македонското женско лоби.

 

Во четврток (17.07.2014) со почеток во 19 часот во просториите на м.з. Драчево и во петок (18.07.2014), во 18 часот во Големата  сала на општина Кисела Вода, заедно со сите заинтересирани жители на општината, членовите на комисијата за еднакви можности на мажите и жените и  менторката Елена Грозданова, која е државен советник во Министерството за труд и социјална политика,  ќе дискутираат  за насилството врз жените и семејното насилство, за механизмите за негово сузбивање и можностите за помош на жртвите од насилството.

Споделете:

Scroll to Top