Search
Close this search box.

Покана до медиуми

Денес, петок, 18.07.2014 година, во 12 часот, на улицата “Шиндаровска”, наспроти дворот на црквата „Свети Спас“ во Драчево започнува реконструкција на водоводната мрежа на улиците “Шиндаровска” и “Сердарот” во село Драчево. Почетокот на градежните работи ќе го означат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Бојан Василевски.

Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.

Споделете:

Scroll to Top