Search
Close this search box.

ОУ,,Круме Кепески” од општина Кисела Вода државен првак во карате

Основното училиште “Круме Кепески” од општина Кисела Вода се здоби со титулата државен првак во карате. Државното првенство се одржа во Битола, во гимназијата “Јосип Броз Тито”, во организација на ФУСМАК (Федерација на училишен спорт на Македонија) и Карате федерацијата на Македонија.

 На првенството учествуваше 61 училиште со вкупно 230 натпреварувачи.

Учениците се натпреваруваа во кати.

ОУ,,Круме Кепески” настапи со 15 ученици во различни категории и освои вкупно 8 медали од кои 2 златни, 3 сребрени и 3 бронзени, во генерален пласман 1-во место екипно.

 

Учениците членуваат во карате клубот “Фунакоши Гичин” кој се наоѓа во ОУ,,Круме Кепески”. Селекцијата за училишната екипа ја направи нивниот тренер заедно со наставникот по физичко воспитување од училиштето Игор Зафировски, кој им го следи развојот и натпреварите на клупско ниво уште од прво одделение.

Овие ученици, кои годинава се државни прваци, минатата година беа третопласирани во државата а најдобри во градот Скопје.

 

Споделете:

Scroll to Top