Search
Close this search box.

Зимската служба активна на терен

Општина Кисела Вода подготвено го дочека првиот снег. Годинава, на територијата на општина Кисела Вода за одржување на улици и патишта во зимски услови е избрана фирмата ЕМ-ЕЛ АРТ Доо увоз-извоз од Скопје, која во активностите за расчистување на снегот вклучи грејдери, товарни машини (скип), моторни возила со нож и ракораспрскувач со носивост на корпа од минимум еден тон, а во активностите за расчистување на снегот, традиционално општината го вклучи и општинското камионче.

По првите врнежи од снег, општинскиот кризен штаб за расчистување на улиците во зимски услови, навремено реагираше и реализираше низа акции за расчистување на снегот од коловозот на сервисните улици низ општината, почнувајќи од раните утрински часови. Во текот на акцијата беа исчистени поголемиот дел од сервисните улици во месните и урбани заедници со давање приоритет на високите места, а особен акцент се стави на улиците околу амбулантите, училиштата и градинките. 
Мобилните екипи зимската служба на општината ќе интервенираат на терен во зависност од интензитетот на снежните врнежи. 
Општина Кисела Вода апелира до сите правни и физички лица да се придржуваат до законската обврска да ги расчистат приодите кон индивидуалните, станбените и комерцијалните објекти.  

 

Споделете:

Scroll to Top