Search
Close this search box.

Учениците од ОУ “Св. Климент Охридски” градски прваци во противпожарна заштита

Тимот од ОУ “Св. Климент Охридски” од с. Драчево, составен од учениците Михаела Велковска, Ирина Китаноска и Влатко Леков, а предводени од менторот Валентина Терзиева, беа најуспешни на градскиот натпревар за противпожарна заштита, кој минатата недела се одржа во “Даре Џамбаз”, во организација на противпожарниот сојуз на град Скопје.

Учениците од основното училиште “Св. Климент Охридски” во силна конкуренција од основните училишта од сите скопски општини го освоија првото место и заслужено ќе ја претставуваат општината Кисела Вода на државниот натпревар во противпожарна заштита.  

 

Споделете:

Scroll to Top