Search
Close this search box.

Советот на општина Кисела Вода ја одржa 25-та пленарна седницa

 На 25-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска, беа усвоени следните точки:

 

-Усвојување на Записникот од 24-та седница на Советот;

1.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за четвртиот квартал од 2014 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода   за извештајниот период (кумулативно) за  квартал од 01.01.2014 година до 31.12.2014 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирен обврски на Општина Кисела Вода -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;

2.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на стапките на даноците на имот бр.07-1200/4 од 4.07.2005 година (,,Службен гласник на Град Скопје,, бр.8/2005);

3.Извештај (Информација) за реализација на Програмата за Енергетска Ефикасност во Општина Кисела Вода во 2014 година;

 4.Предлог-Одлука за усвојување Извештај на централна пописна комисија за извршен попис во Општина Кисела Вода со состојба на ден 31.12.2014 година;

Воедно, дневниот ред беше дополнет со:

– Решение за избор на членови на Совет на млади на општина Кисела Вода

– Одлука за издвојување на финансиски средства како помош од Општина Кисела Вода во санирање на последиците од поплавите во поплавените подрачја од Република Македонија

– Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Кисела Вода за 2015 година.

 

Споделете:

Scroll to Top