Основните училишта на територија на општина Кисела Вода го одбележаа меѓународниот празник на жената-8 Март.
Во знак на почит кон жената, на празникот што се одбележува на секоја година на овој датум и ја одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, беа организирани повеќе активности како литературни читања, изработка на ликовни творби, а од најуспешните беше организирана изложба со продажбен карактер.
Во текот на вчерашниот ден, во паркот Пушкин, учениците од општинските основни училишта “Кирил Пејчиновиќ”, “Невена Георгиева-Дуња” и “Круме Кепески”, одржаа свечена приредба.
На настанот, сите посетителки, но и сите жени, мајки, баби кои се најдоа во близина на паркот, од учениците добија подарок-честитка.