Општина Кисела Вода ќе се ребрендира по повод 60-тиот роденден

Во пресрет на одбележувањето на 60-тиот роденден, општина Кисела Вода распиша конкурс за избор на нови грб и знаме, како и поздравна песна со мотиви кои ќе го отсликуваат нејзиниот идентитет.

 Постојните симболи се донесени во период кога во територијалната организација на општината потпаѓаа и територии од неколку новосоздадени денешни општини, па истите содржат обележја кои повеќе не ги отсликуваат природата, географските, стопанските и другите карактеристики на општина Кисела Вода во сегашните граници.

Идејата за избор на идејно решение за нов грб и знаме кои ќе ги исполнат гореспоменатите стандарди, вклучително и задолжителните хералдички и вексилолошки стандарди, постои веќе подолго време.

Со оглед на тоа што годинава општината одбележува значаен 60 годишен јубилеј, со одлука на Советот, распишан е конкурс за избор на нови симболи кои вистински би ја отсликувале Кисела Вода- како најстарата општина во Скопје, која ја следи динамиката на модерното и современо живеење.

Конкурсот за избор на идејни решенија за грб и знаме се спроведува согласно одредбите од Законот за јавните набавки и во него попрецизно се наведени условите и критериумите за избор, за што ќе одлучува жири комисија во чиј состав има претставник од здружението на хералдичари.

Авторите, пак, кои ќе одлучат да конкурираат со композиција на објавениот конкурс за поздравна песна, се должни да достават оригинална композиција напишана за глас и оркестар во духот на македонската песна, во македонската музичка традиција и мелоритмика со распеан мелодиски рефрен и карактеристична мелоритмика во духот на македонска песна. Песната треба да биде препознатлива по карактеристиките и посебностите на општина Кисела Вода.

За идејните решенија за грб и знаме кои ќе бидат утврдени за општински симболи, од страна на Советот на Кисела Вода е утврдена награда која ќе изнесува вкупно 50.000,00 денари, односно поединечно за секој симбол по 25.000,00 денари. Избраната поздравна песна од страна на комисијата, на авторот ќе му донесе  парична награда од вкупно 90.000,00 денари. Сума која го опфаќа надоместот за авторот на музиката, авторот на текстот, авторот на аранжманот, солистот и студиото. 

Заинтересираните за учество на двата конкурса сите дополнителни информации околу условите и критериумите можат да ги добијат на веб страницата на општина Кисела Вода, www.kiselavoda.gov.mk (актуелни објави).

Идејните решенија за грб и знаме можат да се достават најдоцна до 12.05.2015 година, додека конкурсниот рок за поднесување на композициите е најдоцна до 26.05.2015 година во архивата на општина Кисела Вода.

 

Споделете:

Scroll to Top
meritking
meritking
meritking
meritking
meritking
meritking
meritking
meritking
betnano
betnano
betnano
meritking
vdcasino
meritbet
meritbet
vaycasino
norabahis
norabahis
vaycasino
betpark
betpark
vdcasino
pokerklas
pokerklas
hititbet
Pokerklas
pokerklas
pokerklas
hititbet
hititbet
betasus
betnano
pokerklas giriş
pokerklas
betpark
betsilin
betsilin
betorder
betorder
betpark
betpark
betpark
hititbet
hititbet
timebet
timebet
vdcasino
pokerklas
vdcasino
vdcasino
vdcasino
betpark
betpark
betpark
vdcasino
vdcasino
meybet
betnano
vdcasino
vdcasino
meritbet
vdcasino
vdcasino
hititbet
hititbet
vdcasino
vdcasino
hititbet
vdcasino
vdcasino
hititbet
hititbet giriş
hititbet
hititbet
vdcasino
vdcasino
betnano
hititbet
hititbet
betpark
betpark
betpark
betpark
hititbet
meritbet
kavbet
kavbet
norabahis
norabahis
betpark
vdcasino
vdcasino
timebet
meybet
timebet
meybet
bettilt
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betnano
betnano
betnano
betpark
kavbet
betpark
betpark
bettilt