Во пресрет на утрешниот ден на книгата, во кино салата на основното училиште ,,Св.Климент Охридски”во селото Драчево, се одржа поетска работилница.
Учениците од шесто до деветто одделение , со одговорниот наставник м-р Валентина Трајкоска слушаа и рецитираа поезија, а потоа, пред нив беше промовирана втората збирка поезија ,,Божилак на исконот“на младиот поет и рецитатор Филип Димковски.
Филип Димковски е и долгогодишен водител на детскиот литературен фестивал ,,Ракатки“,во едно и стручен соработник на весниот ,,Нова Македонија” на додаток ,,Колибри”. Низ разговор со него, учениците се информираа околу техниките на креативното творење, а ги разменија и своите искуства.
Учениците од основното училиште ,,Св.Климент Охридски“во селото Драчево, но и учениците и наставниците од сите останати училишта на територијата на општината, утре ќе земат свое учество во културната манифестација ,,Тајните на волшебната библиотека”, која се организира по повод Денот на книгата, а согласно програмата на Советот на општина Кисела Вода. Настанот е закажан за утре во 12 часот во Големата сала на општина Кисела Вода.