Ве известуваме дека Дваесет и осмата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 20.05.2015 година (среда) со почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 27-та седница
1.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за првиот квартал од 2015 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2015 година до 31.03.2015 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирен обврски на Општина Кисела Вода -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
2.Предлог-Одлука за донесување на изменување и дополнување на Детален урбанистички план Стакларница блок 9 и 10, Општина Кисела Вода, Скопје Предлог план, 2012-2017;
3.Предлог-Одлука за утврдување на потреба од размена на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија со градежно земјиште во сопственост на физичко лице на кое е предвидено изградба на објект од јавен интерес од локално значење-Новопроектирана улица 3, според Деталниот урбанистички план Стакларница;
4.Предлог-Одлука за утврдување на потреба од размена на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија со градежно земјиште во сопственост на правно лице на кое е предвидено изградба на објект од јавен интерес од локално значење -Новопроектирана улица, според измени и дополнување на дел од Детален урбанистички план МЗ„Цветан Димов-Славија“ (блокови 1,2,3,4,5,7,8 и 10);
5.Предлог-Одлука за недонесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект на ул. “Иван Козаров” бр. 13, на КП 797,КО Кисела Вода 1(Уп.бр.08-4340);
6. Предлог-Одлука за недонесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект на ул. “Иван Козаров” бр. 13А, зграда 1 на КП 796/1, КО Кисела Вода 1 (Уп.бр.08-4950/1);
7. Предлог-Одлука за недонесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект на ул. “Иван Козаров” бр. 13, на КП 796/1, КО Кисела Вода 1 (Уп.бр.08-5226/1);
8. Предлог-Одлука за недонесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект на ул. “Иван Козаров” бр. 15, зграда 3 на КП 794/1, КО Кисела Вода 1 (Уп.бр.08-8212);
9. Предлог-Oдлука за недонесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект на ул. “Иван Козаров” бр. 15, дел од зграда 3 на КП 794/1, КО Кисела Вода 1 (Уп.бр.08-8215);
10.Предлог-Одлука за недонесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект на ул. “Иван Козаров“ бр.15, за зграда бр. 2, бр. 12 и бр. 13 на КП 794/1, КО Кисела Вода 1 (Уп.бр.08-8674);
11.Предлог-Одлука за недонесување на урбанистичко-планска документација бесправно изградени објекти на ул. “Иван Козаров” бр. 15, КП 794/2, КО Кисела Вода 1 (Уп.бр.08-9018);
12.Предлог-Одлука за недонесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект на ул. “Иван Козаров” бр. 15, на КП 794/1, КО Кисела Вода 1 (Уп.бр.08-9413/1);
13.Предлог-Одлука за недонесување на урбанистичко-планска документација бесправно изграден објект на ул. “Улоф Палме” бр. 15, за зграда 4 на КП 794/1, КО Кисела Вода 1 (Уп.бр.08-8537);
14.Предлог-Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата ”Изработка на урбанистички планови за с. Драчево и с. Усје”;
15.Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проектот „Изработка на урбанистички планови за с. Драчево и с. Усје”;
16.Предлог-Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата ”Реконструкција на Дом на култура во с. Драчево”;
17.Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проектот ”Реконструкција на Дом на култура во с. Драчево”;
18. Извештај од Комисијата за следење на состојбата од појава на заразни болести на подрачјето на Општина Кисела Вода во 2014 година;
19.Предлог-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Кисела Вода во 2015 година;
20.Предлог-Оперативен план за заштита и одбрана од поплави на Општина Кисела Вода;
21.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во Големата сала во барака 7.