Search
Close this search box.

Контејнер за донирање облека поставен во Кисела Вода

Хуманите жители на општина Кисела Вода добија полесен начин како да донираат за социјално загрозените граѓани. Во близина на општината, Црвениот крст постави контејнер за донирање на облека, за што претходно, општината го изработи и постави бетонскиот постамент.

 

Од контејнерите за облека, кои се донација од Алфа банка, на годишно ниво се обезбедува повеќе од 3 тони облека, кои во континуитет се селектираат од страна на волонтери, како и жени од социјално загрозени семејства и потоа се дистрибуираат до крајните корисници.

Со цел посистематизирана дистрибуција, со која ќе можат да имаат бенефит што поголем број на граѓани, минатата година беше отворен пункт, каде социјално загрозените граѓани со ваучер можат да подигнат соодветна облека. Годинава, покрај поставувањето на дополнителни контејнери, од кои еден е во општина Кисела Вода, во подготовка е и отворање на продавница, каде граѓаните по симболични цени ќе можат да купат облека.

Со ова се дава можност на сите граѓани кои поради гордост и достоинство не би побарале облека, истата да ја платат пониска и достапна цена, а воедно тоа ќе обезбеди одржливост на проектот со самофинансирање.

Контејнерот за донирање на облека во Кисела Вода е поставен на улицата “Борис Трајковски”, веднаш до просториите на општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top