Успешната соработка со основните и средните училишта на територија на Град Скопје, продолжува преку реализација на повеќе заеднички проекти, посветени на младите вљубеници во природните науки.
Втора година се реализира заедничкиот проект – Денови на Електротехниката во организација на средното електротехничко училиште на Град Скопје ,,Михајло Пупин,, во период од 21, 22 и 23 мај, натпревар во знаење меѓу учениците од основните училишта од општините на територија на Град Скопје.
Натпреварот се реализира под мото ,,Денови на електрониката” а натпреварувањето меѓу учениците е од областа на наставниот предмет физика за 8 одделение и делот во кој се изучува електротехниката.
Целта на проектот е придонесување и помагање во подобрување на квалитетот и квалификациите на учениците и нивна подобра подготвеност за вклучување во процесот и справувањето со професионалните предизвици.
Од Општина Кисела Вода учество земаа училиштата “Кузман Јосифовски – Питу”, “Партенија Зографски”, “Невена Георгиева – Дуња”, “Кирил Пејчиновиќ”, “Круме Кепески”, “Рајко Жинзифов” и “Кузман Шапкарев” со тим од три ученика и наставник ментор.
Од особена важност за реализација на проектот е подршката од градоначалниците од општините на Град Скопје, кои во координација со средното електротехничко училиште на Град Скопје “Михајло Пупин” одделението за образование во општините и менторите од основните училишта придонесуваат за успешно реализирање на манифестацијата.