Oпштина Кисела Вода преку Секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО и ЈП Комунална хигиена на 04 и 05. 03. 2016 година од 07,00 – 11,00 часот ќе спроведе акција за собирање на КАБАСТ отпад на територија на општината.
Акцијата ќе се спроведе пооделно по Урбани заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот според следната динамика:
04. 03. 2016 година од 07,00 – 11,00 часот: УЗ. Цветан Димов, УЗ. Бирарија, УЗ. Црниче, УЗ. Пржино и УЗ. 11-ти Октомври – згради
05. 03. 2016 година од 07,00- 11,00 часот: УЗ. Кисела Вода, УЗ. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври – бараки, УЗ. Пинтија, УЗ. Бобан Трпков-Драчево, МЗ.село Драчево и МЗ. Припор.
Почитувани граѓани, Ве замолуваме отпадот да го одложувате во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, а притоа да не се загрозува сообраќајот за автомобилите и пешаците.
Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен смет освен градежен шут и комунален смет.