Search
Close this search box.

Доделени 43 решенија за легализација на дивоизградени објекти

Со денешното доделување на 43 решение за легализација на дивоизградени објекти, бројот на решени предмети за легализација во Општина Кисела Вода достигна 1681. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ информираше дека откако е воспоставена практиката за делење решенија за легализација на неделно ниво, постигнати се посакуваните ефекти.

Бројот на предмети кои се некомплетни сеуште се една половина од вкупниот број предмети, и од тие причини Градоначалникот порача:
-“Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните кои сеуште не ја комплетирале целосно потребната документаиција, тоа да го сторат поскоро, истовремено ви препорачувам да ги информирате своите сооседи да го сторат истото ” – изјави Беличанец – Алексиќ.
Таа им честиташе на граѓаните и порача дека практиката за делење на решенија на неделна основа ќе продолжи и понатаму

 

Споделете:

Scroll to Top