Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода легализираше уште 50 дивоградби

Општина Кисела Вода легализираше уште 50 дивоградби. Со тоа, бројот на дивоизградени зданија во овој дел на градот, кои се здобија со правен статус, се искачи на 4682.

По завршувањето на продолжениот рок за поднесување барања за легализација, кој истече на 31 март, бројот на предмети што треба да бидат решени е 13 849, односно 1734 граѓани ја искористиле дополнителната можност што ја даде Владата на Република Македонија и поднеле барање за легализација до општинските служби.

Се уште е голем бројот на предмети без комплетирана документација. Во овој момент, 4169 предмети се без геодетски елаборат. Рокот за доставување на истиот за новодонесените барања е до крајот на 2017 година, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање, рокот за докомплетирање на документацијата е до 31.12.2016 година. Секако, и во двата случаи, говориме за дивоградби што се изградени до 2011 година. Се надеваме дека граѓаните нема да ги чекаат крајните рокови и дека што поскоро ќе ја достават документацијата до административните служби.

А општина Кисела Вода ќе продолжи да работи со несмалена динамика на заокружувањето на процесот на легализација, што треба да доведе до рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа за сите жители на овој дел од градот.

Споделете:

Scroll to Top