Општина Кисела Вода ќе го прослави 58-от роденден

Со свечена седница и неколку културно-забавни настани, најстарата скопска општина – Кисела Вода, во сабота (29.06.2013) ќе го прослави 58-от роденден. Со почеток во 10:00 часот, во големата сала на општината ќе се одржи свечена седница на Советот на општината, на која градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели благодарници на личности кои оставиле печат во работата и развојот на општината.

Роденденот, општината Кисела Вода ќе го прослави и со голема забава, но и со организација на културно – хуманитарен настан. Имено, годинава на големо задоволство на жителите на општината, Буба – клубот и мото клубот “Ноќни волци” ќе направат роденденско дефиле низ општината. Поворката од преку 50 учесници ќе тргне во 10:00 часот од нас. Пржино на последната автобуска постојка бр. 16, продолжува кон нас. Црниче, преку улиците “Востаничка”, “Павел Шатев” и “Огњан Прица” продолжува кон Теферич, се спушта по улицата “Христо Татарчев” (поранешна “Сава Ковачевиќ”), се вклучува на бул. “Борис Трајковски” и продолжува кон Драчево. Следната станица е мини-плоштадот во селото Драчево, од каде се спушта по улицата “Китка” и застанува во големиот парк во нас. Драчево. Таму, групата останува 15 минути и повторно преку бул. “Борис Трајковски” продолжува кон урбаната заедница “Расадник”, каде пред кафулињата “Кватро” и “Гет” ќе се одржи голема забава, со перформанс на еден од најдобрите македонски диџеји – Ицко, а на забавата ќе има и хаппѕ хоур, односно за сите граѓани ќе има обезбедено пијалоци по дампинг цени. На забавата ќе се прогласат и победниците на изборот за најубаво уреден двор и тераса во општината Кисела Вода, за кои општината обезбеди пригодна награда – бесплатно летање со балон. 
Забавата ќе продолжи во попладневните часови со хуманитарна акција во паркот “Шопен”. Имено, во периодот од 17:30-19:00 часот, Активот на жени – пензионери од Кисела Вода во соработка со општината Кисела Вода и волонтерите од Дневниот центар на Црвениот Крст ќе организираат Хуманитарна Коријада, на која присутните граѓани по симболични цени ќе можат да дегустираат дел од вкусните пити, подготвени од вештите раце на жените пензионери од Кисела Вода. Собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани на општината да присуствуваат на големата забава и заедно со општинската администрација да го прослават 58-от роденден на општината.

Споделете:

Scroll to Top
kolaybet giriş
betgaranti
bettilt
betgaranti
Kolaybet
bettilt
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Kolaybet
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Hititbet Giriş
betgaranti
hititbet giriş
hititbet giriş
betorder
kolaybet
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
matbet
matbet
matbet
matbet
betnano
betnano
sahabet
norabahis
Tuzla İpek Kirpik
tuzla cilt bakım merkezi
Tuzla Lenf Drenaj
holiganbet
holiganbet
holiganbet
supertotobet
kolaybet
bettilt
grandpashabet
grandpashabet
betpark
betgaranti
betgaranti
betpark
holiganbet
hititbet güncel giriş
hititbet mobil giriş
hititbet yeni giriş
bettilt
holiganbet
holiganbet
holiganbet
betgaranti