Search
Close this search box.

Советот на општина Кисела Вода ја одржa 46-та пленарна седницa

На 46-та седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 11.11.2016 година, беа усвоени следните точки:

 

-Усвојување на Записникот од 45-та седница на советот;

1.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за третиот квартал од 2016 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на општина Кисела Вода за  извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2016 година до 30.09.2016 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на општина Кисела Вода, К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;

2.Предлог-Одлука за измени и дополнување на Буџетот на општина Кисела Вода за 2017 година;                                                                3.Предлог-Програма (Ф) урбано планирање на општина Кисела Вода за 2017 година;

4.Предлог-Програма  (J) – комунални дејности  на општина Кисела Вода за 2017 година;

5.Предлог-Програма  Г10 – за локален економски развој  со Подпрограма ГДО – проекти за енергетска ефикасност на општина Кисела Вода за 2017 година;

6.Предлог-Програма за месна самоуправа (капитални расходи ) – (ДАО) – Подпрограма за месна самоуправа – тековно оперативни расходи (Д1О) на oпштина Кисела Вода  за 2017 година;

7.Предлог-Програма (Р) заштита на животната средина и природа на општина Кисела Вода за 2017 година;

8.Предлог-Програма од надлежност В – предучилишно воспитување за 2017 година програма В1 – предучилишно воспитување;

9.Предлог-Програма  (Н1) и Програма (НА) капитални расходи  основно образование  за 2017 година;

10.Предлог-Програма за спорт и рекреација за 2017 година;

11.Предлог-Програма (К4) за културни манифестации и творештво и предлог – програма (КА) за културни манифестации и творештво (Капитални трошоци) за 2017;

12.Предлог-Развојна програма културни манифестации и творештво – капитални трошоци (КА) Подпрограма (КАА)-Реконструкција на Дом на културата с. Драчево за 2017-2019 година;

Дополнително, дневниот ред беше дополнет со Предлог-Програма за Давање согласност на Статутот на Домот на култура КВК Скопје и  Измена и дополнение на Програмата (К4) Културни манифестации и творештво за 2016 година- Програма за работа на Дом на култура КВК Скопје за 2016 година.

Споделете:

Scroll to Top