Search
Close this search box.

Се садат дрвца во општина Кисела Вода по повод Денот на дрвото

Општина Кисела Вода традиционално и оваа година се приклучи на акцијата за садење на садници – Ден на дрвото – засади ја својата иднина.

 

Градоначалникот на општината, повеќе советници, вработените во администрацијата, граѓани, учествуваат во пошумувањето кое денес се одвива во сите месни и урбани заедници, во парковите, во зелените површини…

Во разубавувањето и разеленувањето на општина Кисела Вода, учествуваат и учениците од основните училишта на оваа територија, како и дечињата од градинките кои насадија дрвца во училишните дворови и градинките.

Се садат различни видови на дрвца, како јасен, чемпрес, неколку  врсти на туја… Со годинешната акција која се одвива по 17ти пат, во координација со Владата на Република Македонија и Градот Скопје и граѓанското здружение „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“, во општина Кисела Вода ќе бидат засадени околу 30000 нови садници.

Споделете:

Scroll to Top