Search
Close this search box.

Советот на општина Кисела Вода ја одржa 48-та пленарна седницa

На 48-та седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 25.01.2017 година, беа усвоени следните точки:

 -Усвојување на Записникот од 47-та пленарна седница на Советот;

1. Предлог-Одлука за ослободување на инвеститор од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за реконструкција на Дом на Култура – Кино с. Драчево, Општина Кисела Вода;

2. Предлог-Одлука за воспоставување соработка помеѓу Oпштина Кисела Вода и Град Скопје, за финансиско учество во постапка за експропријација на недвижен имот на новопроектирана улица Иван Козаров;

3. Давање  согласност на Статутот за измена и дополнување на Статутот на Јавната детска градинка ,,Весели Цветови,, – на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

4. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2017 година на Јавната детска градинка ,,Весели Цветови,, – на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

5. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2017 година на Јавната детска градинка ,,8 Март,, – на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

6. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2017 година на Општина Кисела Вода;

7. Предлог – Одлука за одобрување средства, како еднократна парична помош на Верче Јовановска;

8. Предлог – Одлука за одобрување средства, како еднократна парична помош на Марија Бајалџиева;

9. Предлог – Одлука за одобрување средства, како еднократна парична помош на Зоран Велковски;

 

 

Споделете:

Scroll to Top