Search
Close this search box.

Исплатени еднократните парични награди за талентираните и надарени ученици

Општина Кисела Вода деновиве заврши со исплатата на еднократните парични награди наменети за талентираните и надарени ученици од општината Кисела Вода. Вкупно 168 ученици, од кои 77 за спорт и 91 за образование на крајот на училишната година беа наградени со ваучери од по 10.000 денари, кои на пригодна свеченост им ги врачи градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ. Оваа активност, општината Кисела Вода ја спроведува втора година по ред со цел да ги стимулира најмладите жители на општината да продолжат со успесите во делот на воспитно-образовните и спортските активности. 

Споделете:

Scroll to Top