Search
Close this search box.

Во акцијата за расчистување на Кисела Вода собрани се околу 30 тони смет

Општина Кисела Вода во акцијата за расчистување на тревните површини, парковите и улиците на својата територија досега собра околу 30 тони смет.

Со оваа акција која продолжи да се одвива и оваа работна недела, беше извршено расчистување на сметот и во месните заедници Припор и Пинтија, каде беше собран околу 4 тони смет. Денес оваа акција во тек е и во УЗ „Бирарија“.

Имено, со акцијата за расчистување која започна да се одвива од почетокот на овој месец па се досега беше извршено целосно расчистување на отпадот во повеќето урбани и месни заедници на територијата на Општина Кисела Вода.

За успешно спроведување на овие акции за расчистување на отпадоците, локалната самоуправа преку Секторот за месна самоуправа  ги вклучи своите сезонски работници. Во истата беше вклучен и еден камион.

Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи со секојдневни активности за расчистување на својата територија преку кои ќе дава придонес за почиста и поздрава животна средина. Воедно, локалната самоуправа повторно апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на Законот за Јавна чистота.

 

Споделете:

Scroll to Top