Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ја одржa Седмата пленарна седница

На седмата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа денес, 27 февруари  2018 година (вторник), беа усвоени следните точки:

 

 

 -Усвојување на Записникот од Шестата пленарна седница

1.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за именување на претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода;

2.Предлог-Одлука за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за основните училишта на територија на Општина Кисела Вода за 2018;

3.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за четвртиот квартал од 2017 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за  извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2017 година до 31.12.2017 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;

4.Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот за 2018 година бр.09-8669/4 од 25.12.2017 година;

5.Предлог-Одлука за задолжување на средства добиени од Меѓународна банка за обнова и развој (Светска банка) преку Проектот за подобрување на општинските услуги;

6.Извештај за извршениот попис на средствата и нивните извори со состојба 31.12.2017 година;

7. Извештај за реализација на Програмата за Енергетска Ефикасност во општина Кисела Вода во 2017 година;

8.Програма за Енергетска Ефикасност за Општина Кисела Вода 2018-2020;

9.Акционен план за 2018 година од Програмата за Енергетска Ефикасност за Општина Кисела Вода 2018-2020;

Дополнително, беше усвоена и одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Дарко Гиговски.

Споделете:

Scroll to Top